Гори ,,ЧЕЗ,, во Бугарија – по гневните протести струјата ќе поевтини (Фото)


По серијата масовни протести и гневниот народ владата на Бугарија попушти. Според последните најави Државната комисија за енергетско и водно регулирање (ДКЕВР) почнала постапка за одземање лиценца на „ЧЕЗ“, чешката компанија која врши дистрибуција на струја во Бугарија, пренесоа бугарските медиуми.

evn bugarija1

Пред само месец ЧЕЗ ја загуби лиценцата и во Албанија.

Во денешната изјава премиерот Борисов посочи дека не планира да даде оставка, но ја остави отворена можноста за предвремени избори ако продолжат протестите. Истовремено тој најави и поевтинување на струјата за 8%.

Оваа фотографија ја споделуваат бугарските корисници на фејсбук на која се гледаат два опожарени автомобили на компанијата за струја. Според информациите возилата биле опожарени вчера во Пловдив.

evn bugarija

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1