Пожар вечерва избил во манастирот Св. Илија во Берово. Како што информира полицијата, причина за избивањето на пожарот најверојатно е кандило кое ги запалило чаршафите и дел од внатрешниот црковен инвентар.
Локалното население брзо успеало да го локализира пожарот и според неофицијални информации, нема ниту повредени ниту поголема материјална штета.
Press24