Полицијата од Окланд Калифорнија, потврди дека во пожарот, што избувна во ноќен клуб има многу жртви, но точниот број засега не се соопштува официјално.
Пожарникарите велат дека во објектот имало околу 50 луѓе, додека локалните медиуми пренесуваат дека бројот на посетители бил меѓу 75 и 100.
Според првичните информации, загинати се девет луѓе, а 13 се водат како исчезнати
Огнот зафатил неколку уметнички студија во зграда која ја користат уметницИ
31st- pic.twitter.com/8TX6jk0iYq
— Oakland Firefighters (@OaklandFireLive) December 3, 2016
Дури 55 пожарникари се борат со огнената стихија. Многумина почнаа на социјалните мрежи да поставуваат фотографии од нивни блиски за кои не знаат дали се на безбедно, а биле во објектот.