Гори стан на третти кат на улицата „9-ти мај’’, зад Универзална сала. Против пожарната екипа веќе е на терен.
Според информациите на репортерот на Курир од терен, сопствениците на станот во моментот на пожарот не биле во истиот, па пожарникарите морале да интервенираат преку терасата.Со помошни скали се качувале од тераса на тераса за да стигнат до третиот кат и да може да интервенираат спречувајќи поголема штета.Засега не е познато од кои причини е настанат пожарот, а се уште се забележува чадење од станот.
Izvor – Foto – Kurir.mk