„Ова е ужас, целиот град е во чад“, вели загрепчанка која го снимила пожарот во центарот на градот.
Низ Загреб се шири голем пожар, а тројца пожарникари поради труење со чад се пренесени во болница. Огнот наводно се проширил и на шумата, од каде во тек е евакуација на жителите на неколку куќи, пренесуваат хрватските медиуми.
Изгореле, како што се наведува неколку автомобили. Очевидци тврдат дека чадот го прекрил целиот град.
Засега е познато дека пожарникарите се на терен, а точната причина за пожарот во Спортско – рекреативниот центар Јеленовац и семејната куќа ќе биде позната по увидот.
Сопственици на тој центар се семејството Хала, а покрај ојектот на центарот има и ресторан, кафуле и нивната куќа… Основачот на центарот Славко Хала е бизнисмен и фудбалски стручњак.
Во меѓувреме една компанија на Хала која управувала со спортскиот центар отиде во стечај, а во стечај е и неговата градежна фирма.