Горилато сакала да го заштити детето, го држела за рака пред чуварите да пукаат во него (ФОТО+ВИДЕО)


Горилото старо 17 години беше застрелано од вработените во Зоолошката градина во синсинати, откако во неговото живеалиште падна 4-годишно детенце. Но експертите велат дека горилото сакало да го заштити детенцето и само неколку моменти пред да биде убиен, го држело детенцето за рака.

Доктор Емили Бетел, експерт за горили и професор на универзитетот во Ливерпул „Џон Мурс“, вели дека говорот на телото на горилото покажува дека тоа воопшто немало намера да го повреди детето.gorilo-i-dete

Како што вели таа, горилото Харамбл се однесувало заштитнички спрема 4-годишниот Ајзеја.

Доктор Бетел истакнува дека горилите се екстремно заштитнички настроени кон младенчињата, а Харамбл во еден момент и го прегрнал детенцето за да го заштити.

За него биле збунувачки вресоците и метежот пред неговото живеалиште, од испаничените посетители кои се нашле таму во моментот.

Во неколку наврати се гледа како Харамбл остро и брзо го влече малиот Ајзеја низ водата, што дефинитивно изгледа насилно и опасно.

Но експертот за горили д-р Емили Бетел вели дека тоа е класично однесување на горилите, кои така се однесуваат и кон своите младенчиња кога сакаат да ги заштитат.

Посетителите кои се нашле на местото на настанот велат дека иако целата ситуација била стресна и страшна, според нив Харамбл немал никаква намера да го повреди детенцето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1