Горивата поевтинуваат за 1,5 денари


Бензините и дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати за 4,02, односно за 2,89 отсто.benzin benziska mk3

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66, на ЕУРОСУПЕР БС-98 е 68, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 51, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 39,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,005 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 26,397 денари за килограм.

Како причина за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 4,86 отсто пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,035 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1