Најкарактеристичен пример е првата Австралијка осудена на доживотен затвор без помилување. Кетрин Најт зад себе оставила богата историја на насилства. На еден од своите бивши сопружници таа му ги отсекла протезите, а пред очи на поранешен маж му го отсекла јазикот на неговото куче. Највисока била цената што ја платил нејзиниот последен маж. Најт 37 пати го избола со нож, а потоа го обезглавила. Делови од телото на несреќниот маж користела за исхрана.
На хорор-листата место има и за Стејси Кастор, која во 2005 имала специјални „рецепти“ со етилалкохол наменети за сопругот. Правејќи му јадење таа го труела цели четири дена, за на крајот да го режира настанот како самоубиство. И нејзиниот претходен маж таа го отрула на истиот начин, но тогаш никој не ја обвинил неа. По ненадејната смрт на вториот, сомневањата ги натерале полицајците да спроведат истражување што утврдило дека етилалкохол е причината за смртта на двајцата мажи.
Во затворот во Северна Каролина се наоѓа 76-годишна Џорџија, која е обвинета за ангажирање платен убиец да го убие нејзиниот четврти сопруг Харолд Гентри. Во исто време властите ја преиспитуваат смртта на нејзиното прво дете и на четирите од петте нејзини мажи, вклучувајќи го и Гентри. Зголемувањето на сумата пари на нејзините банкарски сметки во сомнителни периоди ги натерало надлежните повторно да ги отворат случаите.
Од банкарската евиденција и интервјуата со роднините е забележано дека 76-годишната жена во 1986 година, кога бил убиен Гентри, добила 20.000 долари од неговото осигурување. Една година порано, кога починал нејзиниот син, таа собрала 10.000 од животното осигурување. Ист е случајот и со нејзиниот последен сопруг Џон Нејмар, кој имал платено животно осигурување пред да почине. Според надлежните, нејзината стратегија била да ги убеди да се осигурат, а потоа да ги убие за да ги собере парите од нивното животно осигурување.