Оваа госпоѓа од Хаваите жестоко им се налутила на тамошните власти, кога и соопштиле дека мора да го скрати своето презиме од 36 букви затоа што целото не може да го собере на возачката дозвола.
Janice Lokelani Keihanaikukauakahihuliheekahaunaele тврди дека државата на овој начин покажала непочитување кон хавајското наследство, бидејќи и’ ја издале возачката дозвола со само 35 букви од нејзиното презиме.
А колку долго е нејзиното презиме говори и фактот што на нејзината дозвола го нема вистинското и средното име.
Госпоѓа Keihanaikukauakahihuliheekahaunaele која мора да носи две возачки дозволи во последниве 20 години, тврди дека една испуштена буква од нејзиното презиме е непочитување на луѓето на Хаваите.
– Државата никогаш не можеше да ми го приушти полното име и презиме на возачката дозвола, рекла таа за една станица во Хонолулу.
Откако нејзината приказна беше објавена на ТВ, направен е притисок врз државата, од каде е соопштено дека наскоро на возачките дозволи ќе има место за 40 букви.