Полициската станица во Гостивар поднесе кривична пријава против Л.Р.(48) од Гостивар за сторени две кривични дела „измама“.
Како што информираат од МВР, во ноември 2012 година, пријавениот измамил две лица од Гостивар и Битола, со тоа што им ветил дека ќе вработи и ќе им извади работна виза за Белгија или Швајцарија.
За тоа на лицето од Гостивар му наплатил 5.000 евра, додека на другото лице му наплатил 950 евра.
По ова, лицата илегално работеле неколку месеци во Белгија и Швајцарија во фирма на пријавениот, но истиот не им извадил работна виза и не им ги вратил парите.