Гостивар ќе прогласи тридневна жалост


Советот на Општина Гостивар утре напладне ќе одржи вонредна седница по повод трагичниот настан кој се случи како последица на сообраќајна незгода, при што загинаа 13 лица, а околу триесетина се повредени.

Како што соопштија од Општина Гостивар, се очекува советниците да донесат одлука за прогласување на тридневна жалост во знак на почит кон загинатите.

Општина Гостивар, на семејствата на загинатите им изразува сочувство, а на преживеаните што поскоро целосно оздравување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1