Гостивар: За 500 денари си ја претепал сопствената мајка


Вистинска драма преживеала жена од Скопје откако не му дала пари на синот. Македонската полиција денеска информира дека 66-годишната С.Г. од Гостивар пријавила семејно насилство извршено од страна на нејзиниот син, 44-годишниот Д.Г.

Околу 13 часот истиот ден синот и побарал 500 денари, а кога не му дала пари, физички ја нападнал.

Пријавениот Д.Г. е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1