Гостиварец ги претепал сопругата и синот


Четириесет и осумгодишната Ф.А. од гостиварски Градец, вчеравечер пријавила семејно насилство што го извршил 52-годишниот сопруг Ќ.А.tepacka1-1-

-По кусата меѓусебна вербална расправија попладнето, Ќ.А. неколку пати ја удрил со тупаници по лицето, а потоа со глава и тупаници го удрил и нивниот син, кој се обидел да ги раздели, излегол во дворот пред куќата и со дрвен стап го оштетил неговото возило „БМВ“, информираат од СВР Тетово.

Набрзо тој е лишен од слобода, укажана му е соодветна лекарска помош во гостиварската болница и задржан е во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување на случајот.

Инаку, според кажувањето на сопругата, тој подолго време се соочувал со психички проблеми.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1