Гостиварец бил уапсен откако ја претепал поранешната сопруга, која подоцна се обидела да се убие, но била спречена од полицајците, соопшти МВР.
Според полицијата, инцидентот се случил околу 15 часот, во куќата на Џ.Х.(34), во Гостивар. Тогаш дошол нејзиниот поранешниот сопруг Е.Ш.(26), кој насилно ја отворил влезната врата.
Насилникот влегол внатре и почнал расправија со Џ.Х., по што ги навредувал неа и нивното малолетно дете. Kога завршил со пцуењето Е.Ш. почнал да ја удира поранешната сопруга со тупаници по главата и телото, по што си заминал. Жената повикала полиција, а во шок од настанот се обидела да се убие со нож, меѓутоа полицајците ја спречиле.