Гостиварци не ги признаваaт анализите за „труењето“


Дел од професорите и учениците од економското училиште во Гостивар кои се жалеа на здравствени тегоби поради наводна миризба во ходниците, реагираа на резултатите кои ги објави Судска медицина, според кои нема траги на труење. Тие не понудија некои аргументи, но дадоа оценка за тоа какви мислат дека се резултатите. Тоа што се даваат непотполни изјави во врска со труењето во училиштето, дадоа повод некои медиуми да шпекулираат и дезинформираат дека случувањата во училиштето се симулации и актерство. Затоа реагираме остро и бараме да не се политизира случајот, изјави професорката Јасмина Асани, која рече дека и таа била една од хоспитализираните и дека не станува збор за лажирање. По извршените анализи од Судска медицина вчера излегоа со информација дека кај учениците и професорите кои во петокот биле примени на Клиниката за токсикологија не биле пронајдени никакви траги на труење. Вештачењата на МВР покажале дека немало присуство на токсична супстанца ниту во брисевите земени од облеката на учениците.

19022014140418_toksikologija

Извор: Нова Македонија

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1