Готов за 2 минути – совршен десерт ако ви падне шеќерот во ниедно време


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 1 јајце

* 3 лажици масло

* 4 лажици шеќер

* 2 лажици какао

* 3 лажици брашно

* 3 лажици млеко

* 3 лажици издробено чоколадо

thumb.phpНАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Во подлабока чаша (која смее да се загрева во микробранова печка) полека истурете една по една состојка и мешајте со жица или миксер, додека не добиете компактна смеса.

Микробрановата уклучете ја на средна температура и оставете чашата додека смесата не порасне – околу две минути.

Служете топло или откако ќе се излади, со шлаг, топка сладолед, карамел сируп чоколаден прелив или цимет.

Боза.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1