GPS-от – го одвел до грешна куќа – сопственикот го убил (Видео)


20 годишно момче одел да собере другар за да одат на лизгалиште, неговиот GPS го одвел до погрешна куќа и сопственикот на куќата кој имал страв од инвазија, го убил.

cd4fd-gps-greskaСпоред пријателите на Rodrigo Diaz, тие биле договорени да одат на лизгалиште. Diaz возел, и сите оделе да соберат уште еден другар. Тие се паркирале според нивниот GPS, на дестинацијата каде оделе. Еден од пријателите на Diaz изјавил дека кога се паркирале, 69 годишниот Phillip Sailors, погледнал низ прозорецот.

Наводно, Sailors излегол од куќата, се вратил внатре и повторно излегол – овој пат со пиштол во раката. Еднаш викнал “Тишина“ и пукнал во воздух, на што Diaz се свртел и почнал да бега кон колата за да си заминат од местото. Sailors пукнал втор пат, овој пат кон Diaz, и фатално го погодил во главата. Sailors е обвинет со убиство.

Инцидентот се случил во доцните вечерни часови кога тој бил дома со жената, предпоставил дека станува збор за луѓе кои сакаат да ги нападнат. “ си го бранев сопствениот дом – тие дојдоа во мојот двор,, изјавил убиецот.

Извор – gsm.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1