Граѓаните секој ден плаќаат за над 1000 приватни тестови за Ковид-19


Со фалсификувани негативни ПЦР тестови македонски државјани сакале да влезат во Бугарија. Според информации на Сител 10-тина македонски граѓани последниот период на ваков начин се обиделе да ја поминат границата со источниот сосед, но истите биле откриени и спречени во намерата од бугарските органи. Неофицијално станува збор за компјутерски криминал со преработка на веќе издадени резултати на други лица. Засега нема детали како и по која цена ги набавиле лажните тестови и дали против некого се води истрага.

Од МВР потврдуваат дека изминатите 3 месеци имало обиди и за влез на македонска територија со фалсификат ПЦР тестови. Биле регистрирани 32 вакви случаи, 27 на граничниот премин Долно Блаце, 4 на Табановце и еден од Бугарија. Против сите биле поднесени соодветни пријави.

Од друга страна по реакцијата голем број граѓани дека со денови чекаат термин за тестирање преку матичните, министерот за здравство изјави дека денеска капацитетите ќе бидат зголемени за 350 ковид тестови. Иако Филипче најави дека продолжениот викенд лабораториите ќе работат со зголемен интензитет статистиката покажува дека и понатаму се плаќаат огромни суми за тестирање на приватно. Вчера над 72.000 евра за 1125 теста приватно, завчера 35.500 за 548 приватни тестирања, а во петокот за брисевите земени претходниот ден над 80.000 евра платиле 1246 граѓани за тестирање во приватни лаборатории.

Од почетокот на пандемијата во земјава направени се над 235.000 тестирања, од кои повеќе од половината во приватните лаборатории каде еден тест чини од 4000 до 12000 денари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1