Тројца разбојници завчера ограбиле момче во градски автобус во населбата Пинтија.
Како што соопшти МВР, кражбата Б.Ј. (25) ја пријавил вчера во 09.45 часот во Полициска станица – Драчево, а се случила на 08 август во 14.10 часот во населба Пинтија, во градски автобус.
– Три непознати лица извршиле разбојништво врз него. Сторителите со закана со нож му одзеле мобилен телефон и 1.600 денари, наведуваат од МВР.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.