Атлантида е синоним за изгубена цивилизација, остров што потонал во океанот без трага, но постои и модерна атлантида во Аргентина -„потонатиот град“ Лаго Епекуен се наоѓал под вода 25 години.
Водата која го поплавила познатиот спа туристички град некогаш, сега се повлекува а глетката е како во хорор филм. Се појавуваат на површина неговите остатоци и урнатини.
Југозападно од Буенос Аирес се наоѓа извор на минерална вода и солено езеро, Лаго Епекуен. Откако градот бил поплавен од езерото, околу 1.500 жители одвај успеале да ги соберат основните работи и да избегаат од местото на несреќата.
Сега, откако водата се повлекла можат да се видат остатоци од автомобили, мебел и различни предмети. Од 2009 година, нивото на водата почнало да се повлекува, а годинава конечно на површина излегоа урнатините на некогаш често посетуваното летувалиште во Аргентина.
Градот бил омилена дестинација на туристите од целиот свет како познат спа резорт. се верувало дека таа вода лечи кожни болести и депресија.
Иако водата почнала да се повлекува неколку години по поплавувањето – градот никогаш не е повторно обновен.
Единствен жител на поплавениот град е 81-годишниот Пабло Новак кој е целосно сам, но сега сè повеќе луѓе се враќаат во градот откако неговите остатоци излегоа на површината за да ги видт родните куќи, а некои се во потрага по искористив грдежен материјал за да го препродаваат. Морничавиот изглед на градот досега бил локација за снимање на неколку филмови.
Според легендата, езерото се создало од солзите на градоначалникот кој жалел по својата сакана. Името на езерото значи „вечна пролет“, а успешно помага во лечење на депресија, реума, кожни болести, анемија, па дури и дијабетес, пренесува Daily Mail.