Од мај минатата година, во ова место со 22.000 жители исчезнале шест жени, претежно во дваесеттите или триесеттите години, од кои четири биле пронајдени мртви.
Повеќе од жртвите користеле дрога, а најмалку три биле зависни од хероин, дознава ABC News од разговорите со нивните семејства. Нивните пријатели велат дека некои од жените се проституирале, а мајката на една од жртвите верува дека тоа е причина што полицијата не се вмешала порано.
Првата исчезната е Шарлот Трего. “Последен пат разговарав со Шарлот на 3. мај 2014. година”, раскажала нејзината мајка Ивон Богс за ABC News. “Ми кажа: “Мамо, подготвена сум да дојдам дома и да се одвикнам од дрогата…””.
Тамека Линч исчезнала истиот ден, а подоцна се воспоставило дека таа и Шарлот се познавале. Телото на Линч било пронајдено три седмици подоцна, на 24. мај, во реката Пејнт Крик. Нејзината мајка Ангела Робинсон открила дека полицијата ѝ рекла дека Тамека умрела пред да биде фрлена во реката, што укажува на тоа дека не станува збор за несреќен случај.
“Многу се плашеше од вода. Не одеше на пливање и се плашеше од шуми”, рекла таа.
37-годишната Венда Лемонс исчезнала шест месеци подоцна. Мајка е на пет деца и има две внучиња. Нејзината мајка Дајана Вилет рекла за ABC News дека нејзината ќерка во времето кога исчезнала “користела дрога”, вклучувајќи и хероин, но дека не е сигурна дали се занимавала со проституција.
Шаста Сејри исчезнала на 11. мај. По 2-месечна потрага, телото на мајката на две деца било пронајдено во шума на 20. јуни, замотано во чаршав
“Бесен сум и многу несреќен. Сè што знам е дека ќе те фатиме, кој и да си, доаѓаме по тебе”, рекол нејзиниот татко Томас Кан за каналот WSY.
Според локалните медиуми, вештаците истражуваат и дали случајот со Тимберли Клејтон, која била убиено со огнено оружје, е поврзан со останатите случаи, иако полицијата го открила името на осомничениот за нејзиното убиство.
Точка.ком.мк