Град Скопје напоменува дека во времетраење на вонредната состојба, нема да се постапува по опомените кои се доставени до обврзниците на данок на имот и до обврзниците на комунална такса и нема да се врши присилна наплата на заостанатите неплатени долгови.
Советот на Град Скопје донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за висината на комуналните такси во Град Скопје почнувајќи од 1 јануари 2020 година. Целта, како што соопшти Град Скопје, е да им се помогне на компаниите да ги пребродат нарушувањата предизвикани од коронавирусот.
За деловните простории на физичките лица коишто вршат дејност износот е 1.300 денари, а за деловните простории на физичките лица коишто вршат дејност, а данокот го плаќаат во паушален износ треба да се плати 350 денари. За деловните простории на трговските друштва и другите правни лица од областа на производството, прометот и услугите износот е 4.000 денари.
За продавници, киосци, деловни единици и слично на трговските друштва и другите правни лица од областа на производството, прометот и услугите износот е 2.000 денари. За деловни простории на правни лица од комуналните дејности и за деловни простории на трговските друштва и другите правни лица, како и на откупните пунктови што дејствуваат повремено исто така е предвиден износ од 2.000 денари.
– Во однос на тие обврзниц кои веќе извршиле уплата со целосниот износ наведен во решението, Ви укажуваме дека уплатениот износ кој ја надминува новоформираната цена за фирмарина ќе се префрли за наредната година или по завршувањето на вонредната состојба, на барање на таксениот обврзник ќе се изврши враќање на дополнителните средства, стои во соопштението.
Град Скопје напоменува дека во времетраење на вонредната состојба, нема да се постапува по опомените кои се доставени до обврзниците на данок на имот и до обврзниците на комунална такса и нема да се врши присилна наплата на заостанатите неплатени долгови.