По бројните реакции од граѓаните, Град Скопје одлучи да направи вонредно прскање против комарци во вторник или најдоцна во среда. Граѓаните се загрижени поради нивното касање, што ги принудуваат во аптеките да бараат спас преку разни спрејови или креми за заштита од инфекција. Жителите на Скопје се сомневаат во квалитетот на хемискиот состав што се користи за прскање против комарците.
Од Град Скопје информираа дека е донесена одлука да се направи вонредно прскање, бидејќи, како што се вели во соопштението, влагата во вегетацијата придонела за поголема репродукција на комарците. Годинава, од Град Скопје велат дека биле извршени четири воздушни и четири копнени дезинфекции на подрачјето на Град Скопје против комарци и нивните ларви. Тие велат дека користениот материјал е меѓу најквалитетните.