Град Скопје ќе изнајмува моторчиња веспи


Градските власти размислуваат да почнат да изнајмуваат „веспи“ на граѓаните. За можноста за имплементација на електромобилноста, Градот ќе нарача физибилити-студија. За таа цел, веќе распиша оглас со кој бара изработувач на студијата со „посебна нагласка на воведување систем за споделување (изнајмување) на електрични скутери и мотоцикли“.

vespa

Надлежните процениле дека стручната помош ќе ги чини нешто повеќе од 4.000 евра. Градските власти објаснуваат дека станува збор за проектот „Електра“ што го спроведува и финансира Европската унија, а Скопје е еден од градовите на листата европски метрополи со можност за изнајмување „веспи“, пишува Утриски весник.

„Речиси ист проект во пилот-фаза веќе се спроведува во Џенова, Фиренца и Барселона. На ред стигнавме и ние, па затоа нарачуваме физибилити студија која треба да ги покаже можноста и оправданоста за изнајмување „веспи‘“, велат од Градот.

Евентуалната реализација на проектот би била една од мерките на локалната власт за поголема мобилност на граѓаните преку употреба на алтернативни превозни средства.

Инаку, надлежните веќе неколку години го фаворизираат велосипедот, кој може да се изнајми за симболична цена, а градоначалникот Коце Трајановски неодамна го најави проектот за целосно „покривање“ на градот со мрежа од велосипедски патеки, кој треба да биде реализиран во наредните две години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1