На 20.09.2016 година околу 01,20 часот во село Градец во помошната просторија од куќата, додека Ш.Б.(71) и неговата сопруга А.Б.(69) спиеле влегле четири непознати маскирани лица кои им ги врзале рацете и устата и извршиле кражба.
Откако извршиле претурање и пребарување во просториите од куќата, соопшти денеска МВР, од А.Б. одзеле златен ланец кој го носела околу вратот и две златни алки кои ги имала на рацете, по што го напуштиле местото на настанот.
Увид извршила увидна екипа од НККР-Гостивар. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите како и целосно расчистување на случајот.