По заканата од новиот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски, за запирање на проектот Скопје 2014, градежните компании се огласија со најава за тужби. Сметаат дека со тој проект државата го спасила цел градежен сектор од колапс во време на економска криза.
-Проектот донесе бенефит за градежната индустрија и отвори работни места за голем број градежници, смета компанијата Бетон.
По блокирањето на изградбата на објектите за кои веќе има издадена дозвола, инвеститорите ќе поднесат тужби, но тие сепак нема да го тужат Жерновски, туку општина Центар.
Владата за проектот објави дека чини 207 милиони евра, за што објави и детален отчет.
Kurir