Градоначалникот на Берлин е на гости во Загреб. Неговиот домаќин градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ го прошета на убавото време низ центарот и шеталиштето. Се било совршено но берлинскиот градоначалник бил малку зачуден.
Шеталиштето и кафулињата биле преполни со загребчани кои на сонцето си пијат кафе – па градоначалникот збунет морал да праша – „Работи ли овде некој? Гледам дека сите седат и пијат кафе“, коментирал германецот Клаус Воверајт.
Но, сепак, градоначалникот на Берлин рекол дека е многу убаво што улиците на Загреб се толку „живи и полни луѓе“.
Хрватскиот печат пишува дека верајтно никој не му објаснил на германскиот гостин дека во земјата работа чекаат 368.558 луѓе, а во Загреб без работа се нешто помалку од 50.000 лица.