Полицијата имала и има капацитети да се справи и со многу посериозни ситуации, затоа бараме Спасовски да даде асистенција за ослободување на просторот кај кружниот тек во општина Бутел.
Овој простор е јавен , но за жал узурпиран од страна на непознати лица кои ја срушија оградата и поставија шатори, рече Петре Латиновски, градоначалник на општината Бутел на денешната прес-конференција, пренесува тв Нова.
„Техничичкиот министер Олвиер Спасовски вчера не ја изврши работата за која зема плата од граѓаните. Спасовски вчера не успеа да спречи нарушување на јавниот ред и мир и узурпација на земјиштето на општина Бутел“, рече Латиновски.
Според градоначалникот одлуката за поставување крст ја донел општинскиот совет и според него таа е легитимна.