Градоначалникот Таравари со 30.000 евра, незаконски ги честел општинарите


Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, потрошил 30.000 евра за да го награди секој вработен со по 10.000 денари, оценил Државниот завод за ревизија во својот извештај за работењето на гостиварската локална самоуправа во 2018 годинаобјави „Слободен печат“.

Ревизорите објавија ерија неправилности во работењето на Општината – незаконски спроведени јавни набавки, незаконски вработувања, нетранспарентно трошење, па дури и пуштање во употреба на потенцијално опасен мост на Вардар, без извршен технички прием.

Ревизијата изрази мислење дека финансиските извештаи на Гостивар не се во согласност со законите.

„Во текот на 2018 година исплатени се награди на вработените во вкупен износ од 1,8 милиони денари, од кои 346 илјади денари (5.600 евра) се исплатени од сметката тековни резерви, врз основа на две решенија на градоначалникот, за успешна работа на вработените во прво и второ полугодие, а се однесува на сите вработени во администрацијата, ангажираните преку агенции за вработување и по договор на дело. Наградата изнесува по 10.000 денари поединечно“, се вели во извештајот и се додава дека тоа е ненаменско и нетранспарентно трошење затоа што исплатата на награди не е предвидена во Законот за административни службеници или во кој било друг правен акт. Парите од резервите се исплатени без претходна одлука на Советот на Општината, а тие пари смеат да се користат само за непредвидливи случаи.

Лани на 13 лица општината им исплатила вкупно 370 илјади денари за извршена достава на решенија и опомени за данок на имот, при што договорите со доставувачите се склучувани за надоместок од 12.000 до 35.000 денари, без да се прецизира кој по колку решенија треба да достави. Според договорот, доставувачите требало да изготвуваат неделни извештаи за сработеното. Исплатата на дел од надоместокот требало да се случи по завршената работа, а една третина од сумата по доставата на опомените за неплатен данок. Ревизорите утврдиле дека доставувачите не поднесувале неделни извештаи, а си ја добиле целата договорена сума иако во 2018 година не доставувале опомени.

Исто така, Општината лани врз основа на 27 договори на дело исплатила 2 милиони денари и тоа за работни задачи што се предвидени со систематизацијата на работните места, односно за задачи што би требало да ги вршат вработени лица, затоа што договори на дело смеат да се склучуваат само за вршење определена работа еднократно.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1