Градоначалникот Захариев вработи бездомник


Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, го посети бездомникот Фејзула Азисов, за кој медиумите информираа дека останал без живеалште и разговараше за негов работен ангажман.

bezdomikАзисов кој во моментов спие на отворено кај една од штипските перални за автомобили во населбата Сењак, го посети градоначалникот за да ги види условите за живот и да  се утврдат можности за конкретна поддршка, со што ќе му се овозможи на Азисов да добива средства со кои ќе се издржува и ќе си обезбеди кров над главата, пренесува Денешен.

Како што напомена градоначалникот Захариев, во идниот период Азисов ќе биде ангажиран околу расчистувањето на коритото на река Брегалница за што ќе добива соодветен надомест, како ангажиран работник во јавните работи. Надоместот кој ќе го добива за почеток, ќе му овозможат услови да обезбеди кров над глава и средства за исхрана.

По објавувањето на информацијата, Азисов доби неколку кутии на прехранбени хуманитарни производи, но истата ја подели со сиромашни семејства, напоменувајќи дека сака чесно да си го заработува лебот за што му е потребна само работа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1