Градското енергетско претпријатие ќе донесе пониска цена на парното


Дистрибуцијата со топлинска енергија најверојатно ја презема Градот Скопје, а БЕГ повеќе нема да се занимава со овој бизнис, откако вчера беше основано ново Акционерско Друштво кое во иднина ќе го води овој бизнис, тврди Алфа ТВ.

Градот Скопје со тоа веќе ги направи првите чекори за да ја преземе дистрибуцијата. На вчерашната седница го основа новото акционерско друштво кое во иднина ќе се занимава со енергетски дејности.

Ова се подготвителни активности и претпријатието најверојатно ќе го преземе бизнисот со парно греење веќе од следната грејна сезона, односно од 15 октомври догодина. Тоа значи дека граѓаните наместо на БЕГ, сметките за парно ќе му ги плаќаат на новото претпријатие, односно на Град Скопје, пишува телевизијата.

Одлуката за формирање на Акционерското друштво беше едногласно донесена од Советот на Град Скопје.

Од БЕГ, компанијата којашто во моментов ги снабдува скопјани со парно греење, изјавија дека имаат 35 години лиценца за дистрибуција на топлинска енергија, а тоа значи дека ќе продолжат со работа како и досега.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1