Грчката фирма „Актор“ под истрага за поткуп на македонски функционери за тендерот за изградба на автопат


Во Грција се води истрага против градежната компанија „Актор“, која го гради автопатот Демир Капија – Смоквица, за наводен поткуп на официјални претставници од Македонија за да го добијат договорот, открива најновиот извештај на Организацијата за економска соработка и развој – ОЕЦД , за борбата со корупцијата во Грција, објави Телма.

avtopat„Грчка градежна компанија наводно понудила поткуп на официјални претставници од БЈРМ за да го добијат договорот вреден 270 милиони евра за изградба на автопат во таа земја. Градежните работи почнаа во септември 2012. Грчката компанија го доби договорот иако нејзината понуда беше значително повисока – околу 40 милиони евра , од понудите на конкурентите. Вклучени се филијала на грчката компанија во БЈРМ и поединци од Грција“, пишува во извештајот.

Во него се вели дека за покренатата истрага Атина побарала помош и од Скопје, но бидејќи не дообила одговор, побарала посредување и на Еуроџаст.

„Во Грција е во тек прелиминарна истрага за поткуп на странци и перење на пари. Грција побара правна помош во јуни 2014 од БЈРМ. Додека го чекаат одговорот на оваа барање, грчките власти ги контактираа своите партнери од Еуроџаст за да посредуваат во барањето.

Во Извештајот, што го пренесува и грчки Катимерини, случајот е посочен како еден од седумте во кои грчки бизнисмени поткупувале службени лица во Македонија, САД, Оман, Кипар и Алжир за да добијат одредени бизниси. ОЕЦД ја критикува Грција дека не превзема доволно мерки за истрага во вакви случаи и дека најголем дел од нив, тамошното обвинителство ги покренало по претходни пишувања на медиумите. Против Актор предкривична истрага отвори и македонското обвинителство, откако лани во март на прес конференција опозицискиот СДСМ обвини за незаконско подигање милионски суми во кеш од сметката на фирмата од банка во Неготино.

Целата сторија на следниов линк.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1