Грчки медиуми: Република ГорнаМакедонија (споено) е решението!?


Грчкиот весник Ефимерида тврди дека Нимиц дошол во Скопје со решение за името, кое не е ниту Република Нова Македонија, како желба на Скопје, ниту Република Вардарска Македонија, желба на Атина.

Според весникот, кој се повикува на веродостоен извор, Нимиц на маса ќе го стави името Република ГорнаМакедонија, споено и без превод на англиски. Притоа се тврди дека името ќе се изговара како еден збор, за да не се користи само терминот Македонија.

Ефимерида тврди дека двете страни всушност постигнале согласност за се, односно дека наскоро ќе се потпише договор за името, промени во уставот на земјава, но и обврските за Грција во следниот период.

Во договорот експлицитно ќе е наведено дека БЈРМ ќе го промени уставот и спорните членови во одреден временски период, за да до 20-ти март истиот биде депониран во Обединетите Нации. Истиот извор наведува дека земјава ќе се претвори во ,,еден вид кантон‘‘ на Грција со посебни развојни клаузули, економски и комерцијални врски.

Разговарано е и за црквата, која според Ефимерида ќе се нарекува, Охридска Архиепископија.

Инаку, од владата потврдија дека како чин на добра волја наскоро ќе се донесе одлуката за преименување на аеродромот и на автопатот, од ,,Александар Велики‘‘ во ,,Пријателство‘‘.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1