Митрополитот Амбросос на својот блог ги повикува неговите браќа да се разбудат и да ги кренат гласот и тупаницата за во Атина на протестот под мотото „Македонија е една и е грчка“.
Грчкиот Митрополит на Калаврита и Аигалеја, Амбросиос нуди бесплатен превоз за неделниот протест во Атина против употребата на терминот Македонија во името на нашата држава.
Митрополитот Амбросос на својот блог ги повикува неговите браќа да се разбудат и да ги кренат гласот и тупаницата за во Атина на протестот под мотото „Македонија е една и е грчка“.
– Мои браќа, Македонија е грчка. Дел од Грција е изгубен. Разбудетете се! Станете! Кренете го својот глас! кренете ја својата тупаница! Дојдете со нас во Атина! Дојде со нас бесплатно, ние ви нудиме превоз! Мои браќа дојдете во недела на 4-ти февруари во 10 часот да ја продолжиме нашата битка во Атина! Дојдете да ги кренеме нашите гласови со грчкиот народ – пишува Амбросиос.
Понатаму тој се повикува на изјавата на познатиот грчки композитор Микис Теодоракис кој се залага на почитување на одлуката од 1992 година, од состанокот на лидерите на сите грчки политички партии, за неприфаќање на име за северниот сосед со терминот Македонија.
– Кога се плашиш да кажеш дека ја сакаш својата татковина и кога – уште полошо, ја продаваш – тоа не е расизам. Кога не се плашиш да кажеш дека ја сакаш земјата и имаш храброст тоа да го извикаш гласно, тоа не е национализам, тоа е патриотизам. Остани лојален на националната линија од 1992. Име без терминот Македонија- стои во текстот на грчкиот митрополит.
Со ова уште еднаш се потврдува ставот Грчката црква која оворено се меша во спорот за името, истата игра важна улога во креирањето на јавното и национално мислење. Претходно грчкиот архиепископ Јероним во изјава за весникот Kатимерини вели дека прашањето за името е национално и не може да ја остави рамнодушна Грчката Црква и додава дека нивната соседна држава го узурприрала името Македонија кое не им припаѓа на соседите туку е грчко.