Грчки научници пронашле гробница за која се претпоставува дека е на самиот Александар Македонски, пренесува БГНЕС.
Гробницата е со радиус од 498 метри, а од надворешната страна е со скап и гравиран мермер. На совршената изработка на истата можат да и’ позавидат и денешните мајстори. Акрополот е со пирамидална форма а на врвот е поставен „лавот на Амфиполи”, пронајден од грчки војници во 1912-та година, а истиот четири години подоцна Британците пробале да го однесат во Велија Британија.
Александар Македонски починал ненадејно на 34-годишна возраст во 323-та година п.н.е. Неговата смрт настапила по неколкудневната треска, а месеци подоцна саркофагот со телото му поаѓа од Вавилон до гробот на македонските кралеви во Александрија.
До ден денес не е јасно каде точно е закопан големиот освојувач, иако редовно има шпекулации дека неговата легендарна гробница е откриена. Според некои тоа е во Александрија, а според други во Пела, главниот град на древните Македонци кои се наоѓа во близина на Солун. Други, пак, сметаат дека Александар почива на тајно место во Персеполис, денешен Иран.