Грешките при присилна наплата паднаа на товар на Град Скопје


Градските власти ветуваат дека во иднина ќе настојуваат да нема грешки при наплата на данокот на имот, а на граѓаните на кои неоправдано им се блокирани сметките трошоците за деблокирање ги плаќа Градот Скопје, дознава Плусинфо.

На прашањето кога ќе се исправат грешките направени при наплата на данок на имот, пришто најоштетени се граѓаните, од Град Скопје изјавиле дека се работи на тоа во иднина да не се прават вакви грешки.

Исто така, граѓаните на кои им биле блокирани сметките по грешка, побарале да можат електронски да ги достават доказите за подмирени даночни обврски, наместо да одат лично во барака 16, на што од Град Скопје одговориле дека доаѓањето лично е поради поефикасно и побрзо согледување и поправање на направените грешки.

– Повторуваме дека се прават напори во иднина да нема граѓани на кои неоправдано им е блокирана сметката, а за сите даночни обврзници кои по грешка се блокирани, Град Скопје им ги покрива трошоците за блокирање и деблокирање на сметката во деловната банка – велат градските власти за Плусинфо.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1