Грипот зема замав: 746 заболени од сезонски грип – 6 имаат свински грип


Во текот на 51вата недела од 2013 година (од 16.12 – 22.12.2013 година), во Република Македонија, на групните пријави за грип се пријавени 161 лице со симптоми на грип.

grafikon1Во споредба со бројот на заболени за 51-вата недела од минатата сезона (40), се бележи зголемување за 4 пати, а во однос на просечниот број заболени во изминатиот 10-годишен период (48), се регистрираат 3,4 пати повеќе заболени лица.

Вкупниот број на заболени од грип во републиката од почетокот на сезоната 2013/2014 (40 недела, 2013) заклучно со 51-ва недела, изнесува 746 лица. Во овој период нема регистрирани смртни случаи асоцирани со инфекции со вирусот на грип.

Во споредба со истиот период минатата година (509), постои зголемување на вкупниот број на заболени лица за 46,6%, а во однос на просекот за истиот период во последните 10 години (186), зголемувањето на бројот на заболени во оваа сезона изнесува 4 пати.

Дистрибуцијата на заболените од грип по месеци, укажува на тоа дека во трите недели од месец декември има пријавено најголем број на случаи (375) со симптоми на грип во однос на претходните два месеци од почетокот на сезоната.

Најголем МБ во оваа сезона е регистриран во ПЕ Пехчево (36,6/10.000), а најголем број на заболени (176) се регистрирани на територијата на ЦЈЗ Тетово.

Бројот на заболени и морбидитетот по возрасни групи, во сезоната 2013/2014 е прикажан во Табела 1. Најголем број на заболени се пријавени во возрасната група од 15-64 години (406), иако МБ во оваа група е најмал (2,8/10.000), а најголем МБ  е регистриран кај најмладите – децата до 4-годишна возраст и изнесува 9/10.000 жители:

Во текот на 51-вата недела, пристигнати се пет материјали за тестирање во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ и потврдено е присуство на инфлуенца вирус А/H1 во еден материјал, а останатите четири се негативни.

Од почетокот на сезоната 2013/2014, во оваа лабораторија се пристигнати вкупно 21 хуман материјал од здравствените установи – од амбулантски и болнички лекувани пациенти, од кои 6 или 28,6% биле тестирани позитивни на вирусот на инфлуенца А/H1.

До крајот на 51-вата недела, против сезонски грип се вакцинирани вкупно 23.970 лица и со тоа, потрошени се сите набавени вакцини во јавно-здравствените институции кои се овластени за вакцинација против грип.

 

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1