Гризела и викала на цел глас – успеала да ги избрка крадците


2 странци се обиделе да ограбат продавница за часовници во Загреб, пренесува Индекс. Двајцата странци се довезле на мотоцикл низ пешачката зона до продавницата во Гаева улица, па продавачката на англиски ја прашале за еден модел на Ролекс.

grabez-vo-zagreb-se-obidele-rolexi-da-kradat-4-300x225Таа го немала, по што почнале да се распрашуваат за цената на еден од изложените часовници. Тие барале цена во евра, па продавачката земала дигитрон и почнала да смета, по што еден од ограбувачите ѝ пришол и почнал да ја задушува, а другиот извадил пиштол. Храбрата продавачка успеала едниот крадец да го гризне за прст, и почнала да вика помош.

Повикот го слушнале минувачите на улицата па се создала голема турканица. Крадците тогаш избегале, едниот со мотоциклот со странски таблички со кој пристигнале, а другиот пеш. Еден од минувачите успеал да го бутне крадецот од мотоциклот, но тој станал и повторно успеал да избега. Полицијата е во потрага по крадците.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1