Гркот Теодор Теодоридис, кој е заменик на генералниот секретар на УЕФА е еден од најзаслужните што Скопје ја доби организацијата на овој голем спортски настан, најголем во историјата на Македонија.
Теодоридис веќе бил во Скопје, во инспекција на арената „Филип Втори“ и неговите препораки биле позитивни, а имал средба и со премиерот Никола Груевски.
Скопје во август 2017 година ќе биде домаќин на двете најдобри екипи на европска почва што претставува огромно признание за македонскиот фудбал и Фудбалската федерација на Македонија кои добиваат историска организација на врвен европски фудбалски настан. Значи во Скопје ќе играат победниците на Лигата на Шампионите и Лигата на Европа.