Грк се обидел нелегално да внесе 175 илјади евра во Македонија


Царинските службеници од граничниот премин Меџитлија спречија обид за нелегално внесување на 175 илјади евра.

На влез во Република Македонија на граничниот премин Меџитлија, вчера пристигна лице, грчки државјанин, сопатник во патничко моторно возило со грчки регистарски таблички. На прашање на царинскиот службеник дали има нешто да пријави, патникот со иницијали Ц.И. (66) изјави дека освен личен багаж, облека и околу 1.000 евра во готово, нема ништо друго да декларира, информираат од Царинската управа.500evra_medzitlija

 

Поради сомневање во изјавата, пристапено е кон детален личен преглед на патникот, при што покрај пријавените 1.040 евра во џебот од панталоните, во неговата ташна пронајдени се и непријавени 6.800 евра и 179.533 евра во чекови.

 

Согласно Законот за девизно работење, нерезиденти можат слободно да внесат девизни средства во противвредност на 10 илјади евра, па според тоа 1.040 евра во готово и 9.000 евра во чекови му се вратени, додека останатите 6.800 евра во готово и 170.533 евра во чекови се одземени.500Devizi-Medzitlija 500Devizi-Medzitlija-02 500cekovi-Medzitlija 500evra_medzitlija

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1