Гркинка и Македонка нудат помош за проблемот на двете земји


Преку дoкументарен филм „Другата Македонија“, поддржан од невладината организација „Balkans let’s get up“, Македонка и Гркинка ќе се обидат да го доближат до граѓаните проблемот помеѓу двете земји, објави Канал 5

Димитра Дракаки вели дека решила да го одбере македонското прашање, поради тоа што во Грција повеќе никој од медиумите не се занимава со него.

grkinka„Јас со Ана Нешовска, решивме заедно да работиме на ова тема, за да помогнеме во презентирањето на проблемот, можеби и да помогнеме за решавање во иднина.  Сметаме дека граѓаните во двете земји не се информирани за другиот агол на проблемот, односно во Грција го слушаме само владиниот став, без да знаеме што се слуша во поранешната Југословенска Република Македонија. Постои непознавање и ова непознавање сметаме дека води кон пораст на национализмот и од двете страни“ – изјави Димитра Дракаки, продуцент на документарниот филм  проектот „The other Macedonia“.

Дракаки смета дека не само во Грција, туку и на целиот Балкан и во земјите од поранешна Југославија постои недостиг на информации за македонско-грчкиот проблем.

„Документарецот во основа има тема македонското прашање и медиумите. Како медиумите го имаат претставено македонското прашање а неговиот историски пат почнува од 1991 одина  со независноста на Социјалистичка Република Македонија, под уставното име Република Македонија, каков бил третманот во грчките медиуми во тој период, а каков во медиумите во поранешната југословенска Република Македонија. Се обидуваме да бидеме претпазливи во однос на тоа како ќе го претставиме прашањето, бидејќи не сакаме да предизвикаме негативни реакции од ниедна од двете страни. Нашата цел е да ја подобриме ситуацијата, а не да ја влошиме“ вели Дракаки, за Канал 5.

Документарецот треба да биде готов кој кон крајот на август, а ќе биде поставен на социјалните мрежи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1