Гробот на Ескобар е вистинска атракција во градот Меделин


Илјадници луѓе секоја година доаѓаат во градот Меделин во Колумбија за да ја видат масата на која Ескобар го изел последниот оброк или скутерот кој е целиот издупчен од куршуми.

Бројот на туристи значајно се зголемил со почетокот на емитувањето на серијата „Наркос“ на стрим-сервисот „Нетфликс“.

Куќата во која Ескобар го изел последниот оброк, како и неговиот гроб, се вистински туристички атракции. На куќата уште се гледаат траги од куршуми испукани за време на обидот да се киднапира неговиот брат Роберто. Токму Роберто ја има претворено оваа куќа во музеј.

Братот на Пабло често пред туристите зборува дека многу од приказните пласирани во јавноста се лага и дека властите биле свесни дека полицијата, додека трагала по нарко-босот, често го прогонувала и неговото семејство кое не било вмешано во целиот тој бизнис.

За време на посетите Роберто ги послужува туристите со кафе, а тие можат да купат фотографии со Пабло со неговиот потпис и отпечатоци од прстите.

Карлос Палау е член на тимот кој некогаш го „ловел“ Ескобар, а денес е водич на туристичките тури кои го посетуваат неговиот гроб.

– Секогаш кога доаѓам тука се помолувам и велам: Многу пати се обиде да ме убиеш, но сега ти тука лежиш мртов – вели Палау.

На мештаните, колку и да им одговара развојот на туризмот, сепак им пречи што Меделин е толку популарен токму поради незавидното и болно минато на градот. Тие не се горди на Пабло-турите, бидејќи многумина од нив изгубиле член од семејството поради него. Често знаат да се побунат кога ќе видат како туристи се фотографираат покрај неговиот гроб.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1