Гром удри во група луѓе кои вчера на отворено го славеле празникот на татковците во североисточниот дел на Германија.
Повредени се 39 лица, од кои осум добиле посериозни повреди, изјави портпаролот на полицијата.
Гром удрил во неколку дрвја, а потоа во електрична кутија во близина на едно езеро во Дабел, каде биле собрани 500 луѓе.
Спасувачи и неколку хеликоптери дошле на помош за повредените, кои се здобиле со сериозни изгореници и биле во состојба на шок.