Граѓанска опција за Македонија (ГРОМ) вечерва на платото во ТЦ „Лептокарија“ го одржи првиот предизборен митинг.
Кандидатот за градоначалник на општина Карпош и воедно претседател на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, одржи говор.
Исто така и кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на коалицијата „За подобра Македонија“, Коце Трајановски, се обрати пред присутните карпошовци.
На митингот претставени и кандидатите за советници од редовите на Граѓанската опција за Македонија и од редовите на коалицијата „За подобра Македонија“.