По извонредно жешката седмица и температурните рекорди од 40,8 Целзиусови степени измерени во четвртокот во местото Церкље об Крки, Словенија во петокот попладне ја зафати заладување на воздухот, проследено на места со силни дождови и грмотевици.
Невремето со силен дожд и ветер започна попладнето по 15 часот во словенечката престолнина Љубљана во чија околина ударите од гром предизвикале два помали пожара во станбени куќи кои набрзо биле ставени под контрола.
Словенечките метеоролози за доцна попладнето и вечерните часови најавија можност од силна бура во источните делови од земјата, кон кои се придвижува временско пореметување и студен фронт на воздух, а не се исклучува и можна појава на град