Грозоморни податоци за најбогатите луѓе на светот


Во периодот од 1983 година до 2009 година само американските богаташи го зголемија своето богатство за околу 75 %, додека за 80 % од американските домаќинства финансиската ситуација е полоша. А сѐ затоа што системот тоа им го дозволува

Порталот alternet.org објави листа на пет одвратни факти за 1% од најбогатите луѓе, и нивните блиски следбеници.

krvavi pari1. Акумулирање на богатство

Нето вредноста на домаќинствата за 1% од најбогатите во Америка во 2009 година беше 14.000.000 долари, додека, за споредба, просечната нето вредност во домаќинства за 47% од оние кои се на другиот крај од листата, беше речиси нула. За околу половина од Американците просечниот долг е еднаков на просечниот приход.

Крајностите се подеднакво валкани на глобално ниво. 300 најбогати луѓе во светот (околу една третина од САД) имаат повеќе пари од три милијарди на најсиромашните луѓе. Најголемата разлика меѓу богатите и сиромашните е во Русија, Украина, Либан и САД .

2. Создавање на богатство

10% од најбогатите луѓе поседуваат речиси 90 % од сите акции, а на берзата рапидно растат. Многу од акционерите во секое време преку интернет можат да видат како нивното богатство се зголемило до неколку илјади долари.

Но, дури и тоа не е доволно за најбогатите. Благодарение на добар дел од дериватите на пазарот, богатството во светот во изминатите десет години е два пати поголемо со тенденција на натамошен раст. Финансиската индустрија, всушност, сфати дека би можела двојно или тројно да го зголеми своето богатство, додека на остатокот од светот тоа пропорционално се намалува.

3. Вистината за донирање

Истата информација доаѓа од два доверливи извори. Barclays објави дека оние кои спаѓаат во групата од 20% од највисоко платените донираат во просек 1,3% од своите приходи. Од друга страна, 20% од најсиромашните донираат 3,2% од своите приходи.

New York Times пренесува пак извештај на непрофитниот независен сектор според кој домаќинствата кои заработуваат помалку од 25.000 долари годишно донираат во просек од 4,2% од своите приходи, додека оние со плати поголеми од 75.000 долари, донираат 2,7%.

4. Дали заработуваат доволно за да нахранат 800 милиони луѓе

Индија штотуку одобри програма во која четири милијарди американски долари годишно се наменети за храна за 800 милиони луѓе. Половина од децата во Индија на возраст под пет години се неухранети.

Во текот на 2012 г. на тројцата членови на секое семејство Волтон заработи повеќе од четири милијарди долари само од акциите и од другите инвестиции. Истото е и со Чарлс Кох, Дејвид Кох, Бил Гејтс, Ворен Бафет, Лари Елисон, Мајкл Блумберг и Џеф Безос.

Ниту еден од овие не е обврзан да го нахрани светот, но срамота е што нашиот систем дозволил на таквите скандалозни екстреми да постојат.

Еве уште еден провокативен факт: 400 најбогати Американци заработиле 200 милијарди долари во една година.

5. Субвенции

Дури ниту сето тоа не им е доволно на најбогатите. Всушност, околу две третини од субвенциите во форма на даночни олеснувања, ослободување од данок на кредит, капиталните добивки и останатото користи само 1% од најбогатите.

А каде се уште и бизнис субвенциите, како што се 16,8 милијарди долари субвенции во американското земјоделие кои им се исплаќаат на големите компании и богатите поединци кои имаат фарми? На “складирањето“ едноставно им нема крај.

Кукурику.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1