Грозоморно: Како монструмот го убил тригодишното девојче откако го силувал?


Тригодишно девојче од Зајечар синоќа било силувано, па претепано до смрт.

Тригодишното девојче од зајечарското село Вратарница кое синоќа било силувано, па убиено со тупаници и со камења било киднапирано од роденден. Неговото тело било пронајдено откако В.Р. (28) од истото село го признал злосторството.siluvano

Министерството за внатрешни работи на Србија одржа вонредна конференција на која што беше соопштено дека убиеното девојче било на роденден кај соседите што живееле во близина на неговата куќа, а родителите околу 21 и 30 часот забележале дека исчезнало.

Тие веднаш пријавиле во полиција. Гостите кои биле на роденденот на полицајците им кажале дека се сомневаат дека за исчезнувањето на девојчето е одговорен В.Р. затоа што забележале дека и тој исчезнал.

Неполн час по пријавата, полицијата го пронашла осомничениот кој го признал делото и кажал каде е телото на девојчето.

Безживотното тело било најдено на околу 600 метри од куќата каде што бил роденденот.

„Блиц“ дознава дека В.Р досега не е осудуван. Нему му е одреден притвор од 48 часа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1