Градоначалникот на општина Пустец во Албанија, Едмонд Темелко денеска бил спречен да влезе во Грција за да учествува на средба на која требало да се разговара за проект поддржан од Европската унија.
Тој бил вратен од страна на грчките цариници без никакво образложение.
– Ова е чиста дискриминација. Не успеав да влезам, а таму требаше да се сретнам со градоначалникот на Преспа во Грција. Кога ќе се вратам во Албанија случајот ќе го пријавам во Комисијата за заштита од дискриминација и ќе направам се мојата држава да ги извести сите меѓународни организации, вели Темелко во изјава за МКД.МК.
Темелко во Грција патувал службено каде требало да разговара за дел од проект на Европската унија, кој се однесувал на меѓуграничната соработка.