Откако ги слушна ставовите на грчките власти за последниот априлски предлог за името, посредникот во преговорите, Метју Нимиц, вчера допатува во Скопје со истата цел.
Кусо изјави дека од новата влада и од новиот министер за надворешни работи во Атина добил многу детални коментари и сега знае и разбира какви се денеска нивните ставови.
Според грчките медиуми, одговорот што го добил Нимиц од грчките власти за последниот предлог бил очекувано негативен и неприфатлив како основа за преговарање – Атина нема да преговара за идеи кои, пред с`, не содржат географска одредница пред терминот „Македонија“, и, второ, кои не се однесуваат на име за секаква употреба.
Венизелос му нагласил на посредникот дека на решението за името треба да се гледа во пошироки рамки на соработка во Западен Балкан и оти Атина е подготвена, ако се постигне заемно прифатливо решение, да понуди финансиска помош за економијата на Скопје – пишува „То Вима“.