Грција во понеделник ќе ги испрати писмата до ЕУ и НАТО


Во недела ќе бидат потпишани од шефот на грчката дипломатија, а во понеделник наутро ќе бидат испратени писмата до ЕУ и НАТО, дека Грција нема да се противи за европска и евро-атлантска интеграција на Македонија. Ова го откри самиот Никос Коѕијас, говорејќи пред новинарите на крајот од Конференцијата за стабилност и безбедност на грчкиот остров Родос.

Во однос на новите писма, Коѕијас потврди дека ја добил нотата од македонското МНР дека договорот беше ратификуван, а во понеделник Грција ќе го исполни нејзиниот дел од обврските.

– Во мојата дипломатска канцеларија ги имаме од завчера подготвени писмата. Одбрав да ги потпишам самиот во Брисел во недела за во понеделник наутро да се достават до Европската унија и НАТО. Тоа се писма кои велат дека бев известен од другата страна за ратификацијата на договорот во Собранието и дека врз основа на обврските и предусловите кои ги имам поставено, може да продолжат напред – рече Коѕијас и објасни дека за да има напредок „потребен е позитивен договор на Советот за општи работи, а таму постоја тешкотии“, бидејќи, како што рече, има земји што се спротивставуваат во овој момент да се даде датум за почеток на пристапни преговори со ЕУ.

– Нема да биде добро да се случи такво нешто – коментираше шефот на грчката дипломатија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1